Рускиот претседател Владимир Путин престојува денеска во посета на Унгарија, а една од главните теми на разговори ќе бидат прашања што се однесуваат на енергетиката.
Соработката на полето на гасната индустрија и можното продолжување на договорот за снабдување на Унгарија со природен гас или потпишување нов ќе биде централна тема на разговорите.
Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе ја разгледуваат таа тема особено по откажувањето на Русија од проектот „Јужен поток“.
– Сегашниот договор истекува во декември оваа година и очигледно е дека таа истуација ќе се разгледува – или продолжување на сегашниот документ или страните ќе договорат нов – наведе Јуриј Ушаков, советник на Путин.
Дополнително ќе биде разгледана ситуацијата настаната по ставот на ЕК кои ја принудија Русија да го прекине „Јужен тек“ и да избере алтернативна опција со која гасот ќе се пренесува преку Црно Море, а потоа преку Турција, додава тој.
Путин и Орбан ќе разговараат и за изградба на два нови реактора за електрична енергија во унгарската нуклеарна централа „Пакс“. Тој проект чини речиси 10 милијарди долари и 80 отсто е „покриен“ со руски заем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.