Преговорите меѓу Грција и еврозоната се во критичен момент, предупреди денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.
При пристигнувањето во Брисел за средбата на министрите за финансии од ЕУ тој ги повика европските колеги „да изберат компетентност, а не хаос“.
– Доаѓаме до критичен момент за Грција и еврозоната и ги повикуваме сите страни да постигнат договор бидејќи, во спротивно, ќе има тешки последици за економијата и за финансиската стабилност – рече Озборн по неуспехот на вчерашната средба на Еврогрупата, на која требаше да се отвори пат за продолжување на грчкиот спасувачки план.
Еврогрупата ѝ даде рок на Грција до петок да се согласи да ѝ биде продолжена спасувачката програма, која завршува на 28 февруари, но грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изрази надеж за можно постигнување согласност за 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


