| четврток, 6 декември 2018 |

„Руска ноќ“ со Македонската филхармонија

Српскиот диригент со светска слава Владимир Куленовиќ, кого публиката го нарече „принц на Србија во музиката“, ќе се претстави пред македонската публика на симфонискиот концерт „Руска ноќ“. Како солист на виолончело ќе се претстави реномираната Маја Богдановиќ од Белград, за чиишто перформанси критиката е едногласна дека има исклучителна звучна убавина.

Богдановиќ ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр.1 од рускиот великан Дмитриј Шостакович, кој се смета за едно од најтешките дела за овој инструмент. Оркестарот на Македонската филхармонија на концертот што носи наслов „Руска ноќ“, ќе ги изведе и увертирата од операта „Царска невеста“ од Николај Римски Корсаков, како и прекрасната „Жар-птица“ од Игор Стравински, уште двајца врвни автори што доаѓаат од лулката на класичната музика, Русија.

На концертот премиерно ќе прозвучи и делото „Горе и долу“ – три слики од „Книга на промени“, на македонскиот композитор Владимир Николов, композиција инспирирана од поширокото толкување на класичното кинеско дело „Ји Џинг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top