| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо од силувач, американска телевизија објави фотографија од Обама (ВИДЕО)

Американската телевизиска станица Фокс 5 во Сан Диего по грешка ја објави фотографијата на претседателот на САД Барак Обама, додека водителката најавуваше вест за потрага по силувач на една студентка.

Додека водителката го најавуваше прилогот за тоа дека обвинителството не собрало доволно докази да го стави дваесетгодишниот Франциско Суз во затвор, затоа што принудил една студентка на полов оснос, режијата наместо од Суз, објави фотографија од Обама.

По тој настан никој од телевизијата не им се извини на гледачите, ниту на Обама, а надлежните изјавиле дека гафот бил направен ненамерно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top