Две лица загинаа откако приватен авион се урна во куќа во Саут Бенд во Индијана. Покрај загинатите кои биле во авионот, повредени се уште две лица, патници и едно лице кое било на земја.
Спасувачките служби работат на терен со цел пронаоѓање евентуално други повредени лица.
Преставници на Националниот борд за безбедност во сообраќајот се пристигнати на местото на несреќата за да ги испитаат причините за падот на авионот. П
о неуспешниот обид да слета на блискиот аеродром, повторно се кренал во воздух за повторен обид, но осум минути потоа исчезнал од радарите. Првично, се претпоставува дека станува збор за механички дефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.