| четврток, 6 декември 2018 |

Почина доајенот на македонската кинематографија Љубе Петковски

Познатиот македонски филмски работник, доајенот на макеоднската кинематографија и директор на фотографија Љубе Петковски, еден од пионерите на домашната филмска уметност, почина на 91-годишна возраст во Скопје, соопшти во понеделникот Друштвото на филмски работници на Македонија.

-Љубе Петковски, роден во Скопје 1924 година, по девет децении и нешто, од своето Скопје заминува во вечноста како еден од бардовите на македонската повоена кинематографија. тој заедно со ветеранската генерација, режисери, сценаристи, актери, монтажери, камермани, продуценти, во еден од најзначајните уметнички профили на филмската креативност“, се вели во соопштението на ДФРМ.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, на градските гробишта Бутел од 11:30 до 12:30 часот.

Како кинематографер, се истакнува во информацијата на филмскиот еснаф, Петковски беше во првите редови на основоположниците на македонската кинематографија, оставајќи зад себе во својот богат опус, многу филмови од кои и добар дел антологиски дела во жанровите на документаристиката и играниот филм, кои ќе останат трајно сведоштво за неговата голема уметничка и творечка личност. филмови со кои сите се гордееме и ќе го имаме во траен спомен, а бројните домашни и меѓународни награди остануваат како потврда за она што тој го оствари во своето уметничко-филмско творештво.

Нека му е вечна славата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top