Поранешниот италијански премиер и сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, одбил една милијарда евра за половина од акциите на Милан.
Тајландскиот бизнисменот Би Тичаубол понудил неверојатна сума од една милијарда евра за да го откупи мнозинскиот пакет акции на Милан, но „Дон“ Силвио „ладнокрвно“ ја одбил понудата.
Ова го потврдил самиот понудувач Тичаубол во интервју за весникот „Банког пост“, наведувајќи дека пред неколку месеци понудил 900 милиони евра, а потоа и една милијарда за 50 отсто од акциите на Милан.
Пишувањата на „Банког пост’’ ги потврди инвестицискиот фонт на Берлускони „Фининвест’’ преку соопштение во кое потенцира дека не е заинтересиран за продажба на Милан.
Инаку, Милан во моментов се наоѓа на 11-то место во Серија А и ги преживува најтешки моменти во последните три децении. И покрај лошите резултати во оваа сезона, Милан според магазинот „Форбс’’ е проценет на 750 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.