Хеџфонд менаџерот Бил Браудер кој пред некое време беше најголемиот странски инвеститор во Русија, состојбата на рускиот претседател Владимир Путин ја оценува на 200 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот и тоа со голема предност пред останатите.
Во интервју за „Си-Ен-Ен“ на прашањето како би ја оценил состојбата на Путин, Браудер изјавил: “Сметам дека таа изнесува 200 милијарди долари”.
-По 14 години во власт и на позадината на количеството пари што Русија ги има заработено, како и парите, кои не беа потрошени за училишта, патишта и болници – сите овие пари во се вложени во имот, швајцарски банкарски сметки, акции и хеџфондови управувани во корист на Путин и неговите соработници – вели тој.
Бил Гејтс се смета за најбогат човек во светот со лична состојба која се проценува на над 79 милијарди долари. Путин, кој е поранешен службеник на КГБ, стана премиер на Русија во август 1999 година и претседател во мај 2000 година.
Според Браудер во “првите 8 или 10 години на чело на Русија, Путин гледал да украде што повеќе пари.„
-Во периодот 2001 – 2007 година руската економија беше голема во просек за околу 7% годишно, а БДП-то на земјата се зголемило за шест пати. Набргу откако ја презеде власта, Путин ја укина елитата од времето на Борис Елцин и создаде нова елита – главно од Санкт Петерсбург која беше исто толку корумпирана, но лојална само кон него”, напиша неодамна американската новинарка Ана Апелбаум која е специјалист за поранешните комунистички земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


