| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна помош од децата од ОУ „Јахја Кемал“ за поплавените

poplavi pelagonija

Учениците од основното училиште „Јахја Кемал“ денеска во хуманитарниот пункт во просториите на општина Карпош ја донираа својата помош до другарчињата од поплавените подрачја во државата. Со полни кеси трајни производи, пакети вода и средства за хигиена, тие дадоа сопствен придонес во соочување со последиците од големите поплави што ги зафати изминатиот период источните делови на Македонија.

Основците, кои ги примија вработените од Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, им поделија по една картичка со благодарност за хуманоста и солидарноста.

Донацијата од учениците од ОУ „Јахја Кемал“, заедно со општинската донација, ќе се испрати утре во кризните делови на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top