| четврток, 6 декември 2018 |

Украина има свој Спајдермен кој на смртта ѝ гледа в лице (видео)

Украинецот Мустанг Вантед е вистински Спајдермен. Се качува по покриви, високи мостови, оди по огради на огромни височини, кои го одземаат здивот. На оние што го гледаат како го прави тоа, им изгледа ужасно и страшно, но за 26-годишниот Украинец тоа е хоби со кое ја убива досадата. Тврди дека не му е страв.

httpv://www.youtube.com/watch?v=O_aw9VEQ4Hc

– Понекогаш мислам дека сум робот. Ништо не чувстувам – изјави Мустанг, кој не сака да го открие своето вистинско име.

Смртта не е она што е најлошото што може да му се случи, барем тој мисли така.

– Сите умираат, ама не живеат онака како што сакаат. Ако се плашите од сето она што може да ви се случи, тогаш треба да живеете во стерилна лабораторија – изјави Мустанг.

httpv://www.youtube.com/watch?v=oVzc4mOqe0Y

Но, младиот Украинец признава дека има еден страв – можноста да се повреди.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Zp18-ODsX9o
– Побрзо би сакал да умрам отколку да бидам повреден – изјави Мустанг за британскиот весник „Дејли меил“ додавајќи дека ужива во екстремните спортови уште од дете. Се надева дека еден ден ќе биде каскадер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top