| четврток, 6 декември 2018 |

Стадемаер го напушта Њујорк никс

Амаре Стадемаер ќе биде слободен агент и веројатно ќе ја добие целата годишна плата од 23,5 милиони долари од Њујорк никс, со што ќе може да ја смени средината.

Договорот меѓу раководството на моментно најслабиот тим во НБА-лигата и Стадемаер е склучен пред олстар викендот што се играше токму во Њујорк.

stod

Стадемаер во 2010 година потпиша 5-годишен договор вреден 100 милиони долари, но талентираниот крилен центар на Никс не ја оправда довербата и огромната сума пари што ја доби, најмногу поради честите повреди. Сезонава Амаре најчесто беше резерва и има просек од 12 поени и 6,3 скока по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top