Го почитуваме тоа што се работи во Македонија на економски план и привлекувањето странски инвестиции, особено економските чекори што ги презема македонската влада, кои претставуваат пример за нас и учиме од нив. Се надевам дека некогаш и Македонија ќе учи нешто од Србија.
Ова го истакна српскиот премиер Александар Вучиќ по заедничката средба меѓу македонската и српската влада.
Подобрување на економските и политичките односи, соработка во процесот на евроинтеграциите, продлабочување на билатералните и добрососедските односи меѓу Македонија и Србија, успешна соработка во областа на енергетиката, образованието и културата, како и активно учество на регионалните форуми за регионално поврзување и соработка, се дел од заклучоците од заедничка седница на која претседаваа премиерите на двете земји, Никола Груевски и Александар Вучиќ.
Сите ресорни министерства остварија средби со своите српски колеги и беа потпишани седум билатерални договори и други документи од големо значење за двете земји.
Според премиерите Груевски и Вучиќ, оваа втора заедничка средба е конструктивна и продуктивна и е доказ за вистинското ниво на меѓусебно почитување и уважување, а потпишаните договори даваат нов економски импулс меѓу Македонија и Србија.
– Ова беше одлична можност за размена на мислења и за продлабочување на билатералните и економски односи, како и проекти за поголем економски пораст во интерес на двете земји – истакна премиерот Груевски.
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, смета дека денешната заедничка седница на двете влади е поуспешна од првата одржана во Белград затоа што, како што рече, имале можност подобро да се запознаат и во сите сфери да пронајдат заеднички интереси.
Вучиќ напомена дека се разговарало и за областа на образованието и се согласува дека тоа треба да се унапредува за подобар квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски













