
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека примирјето во Источна Украина, главно, се почитува, но продолжувањето на судирот во близина на Дебалцево дава причина за загриженост, изјави портпаролот на канцеларката Штефан Зајберт.
Тој посочи дека е важно утре да почне повлекувањето на тешкото вооружување, како што е предвидено со мировниот договор постигнат минатата недела во Минск.
Но, украинската армија соопшти дека не е подготвена да го повлече оружјето бидејќи проруските сили го кршат примирјето.
Проруските сили објавија дека ќе почнат да го повлекуваат оружјето од првата линија на фронтот кога примирјето „ќе почне во целост да се применува“.
Примирјето стапи во сила на 15 февруари, но не се почитува во целост, а украинските и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


