| четврток, 6 декември 2018 |

Рјабаков: Москва не го прифаќа седумдневното примирје во Сирија

sirija

­Москва не го прифаќа седумдневното примирје во Сирија будејќи тој период го користат терористите за да ги прегрупираат нивните сили, изјави денеска заменик-­министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабаков, јави ТАСС.

– Предложивме паузи од по 48 часа, но САД, поради причини познати само за нив, упорно настојуваат на барањето за седумдневна пауза. Седумдневните паузи се доволно време за терористичките групи да ги преземат неопходните мерки за пополнување на резервите и прегрупирање на силите, и тој период е неприфатлив за нас – истакна дипломатот.

– САД фактички ги повикува терористите да користат оружје против Русија, даде коментар Рјабаков за вчерашната изјава на портаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби, која ја нарече „емоционално пропаѓање“ од страна на Вашингтон.

Кирби нагласи дека руските војници од Сирија ќе бидат „испратени дома во ковчези за трупови“, а војната во Сирија може да доведе, меѓу другото, до екстремистички напади врз руските градови.

Рјабаков ја поврза изјавата на Кирби со „неподготвеноста на администрацијата на Обама да го исполни својот дел од договорот и неспособноста на Вашингтон да го оствари договореното“.

– САД, всушност, „налеваат вода во мелницата на терористите“ со тоа што им даваат неискрена поддршка – заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top