| четврток, 6 декември 2018 |

За Кинезите настапува година на козата

коза

Кинезите на 19 февруари ќе отворат нова страница во нивниот лунарен календар и ќе влезат во година на козата, која ќе ја дочекаат со согласност со обичаите кои датираат со векови.

Козата е осми член на кинескиот животински астролошки циклус и симболизира мир и нежност. Од древните времиња, Кинезите користеле козји влакна за изработка на калиографски четкички и топла облека.

Луѓето родени во година на козата, според верувањето, се благи, љубезни, популарни и паметни. Сепак, се вели дека се повлечени и пасивни и дека малку е веројатно дека ќе станат лидери во општеството. Тоа е причина што многу родители ги одложуваат плановите децата да дојдат на свет во оваа година. Но, затоа побрзаа тоа да го остваруват во минатата, година на коњот, која по тоа прашање се смета за посреќна.

Според кинескиот лунарен календар, година на козата почнува на 19 февруари. Поврзана е со дрвото и 32. е во 60-годишниот циклус.

– Таквата комбинација би требало оваа година компаративно да ја направи помалку насилна отколку што беше 2014 година – рече популарниот хонгконшки астролог и фенг шуи мајстор – Рајмонд Ло.

Флексибилниот и умерен карактер на комбинацијата коза-дрво носи компромисно однесување. И затоа, ќе биде полесно да се дојде до решенија и решавање конфликти. Економската ситуација ќе биде постабилна, со помалку драматични случувања, смета Ло.

Тоа одговара на прогнозата на ММФ, кој за оваа година не предвидува драматични економски случувања.

За луѓето родени во знакот на коза, се вели дека се повлечени и дека повеќе сакаат да работат во приватност отколу да бидат во ценатарот на вниманието. Најдобри партнери им се зајаците, коњите и свињите, но тие мора да бидат трпеливи затоа што треба време и труд за козите добро да се запознаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top