| четврток, 6 декември 2018 |

Од стан во Топанско украдени 60.000 евра

На 14 февруари на ул. „Методија Митевски“ во населбата Топанско Поле во скопски Чаир, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во станот на Ј.С.(46) од Скопје.

Според МВР, одземени се разновиден златен и скапоцен накит и 750 евра, при што е причинета материјална штета од околу 3.700.000 денари (повеќе од 60.000 евра).

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top