Општина Неготино преку оглас нуди пет градежни парцели за изградба на винарници во катастарска општина Курија, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.
– Објавивме оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 23 март. Се работи за парцели воннаселено место, со намена за лесна индустрија, во согласност со урбанистичкиот план усвоен од општинскиот совет – соопштија од Општината.
Парцелите се со различна површина, од 1.490 до 7.020 квадратни метри, со почетна цена од 61 денар за квадратен метар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.