-Турската деловна заедница, обединета околу Конфедерацијата на деловните дами и на бизнисмените во турската индустрија, годинава ќе обезбеди големи инвестиции во балканските држави – изјави заменик-претседателот на Конфедерацијата Аљатин Бајрактар, јави БТА.
Според него, ова, главно, ќе бидат инвестиции во енергетика, текстил, туризам, прехранбена индустрија во Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска и во другите балкански земји.
Претседателката на Конфедерацијата Незакет Емине Атасој имала разговори со одговорни претставници од балканските земји, на кои биле разгледани можностите за олеснувања за турските инвеститори и економските услови, објасни таа.
Во писменото соопштение на Конфедерацијата се одбележува дека трговските врски со балканските држави ќе се спроведуваат во соработка со турската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.