Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ годинава ќе се одржи од 18 до 22 февруари на Попова Шапка.
Како што соопштија од Детскиот културен центар Карпош, снежниот град ќе го градат деца, ученици од повеќе училишта од Скопје и други места.
Распоредени во екипи од по десетина деца со свој ментор тие ќе го изградат својот град, кој на 22 февруари со свечено отворање во 11,00 часот ќе го предадат на посетителите, со што почнува вториот дел на манифестацијата, Снежниот карван, кој ќе се одвива до 28 февруари.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и многубројни други активности од креативно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и диско-забава за учесниците на снежниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.