| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас утре ќе соопшти кого ќе кандидира за претседател на Грција

ципра

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го објави името на кандидатот што ќе го предложи за претседател на Грција, на состанокот на парламентарната група на СИРЗА.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратениците в среда ќе гласаат за нов грчки претседател.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис информира дека Ципрас и вчера разговарал со функционери од грчката Влада и со претставници на ЕУ. Во попладневните часови, тој телефонски разговарал и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Висок претставник на Комисијата, коментирајќи го телефонскиот разговор, изјавил дека Јункер „прави последни напори во екстремно тешка ситуација“. Според истиот извор, надежите за постигнување договор на денешниот состанок на Еврогрупата не се високи, со оглед на тоа што грчката Влада има различни ставови во однос на другите партнери што ќе присуствуваат на состанокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top