| четврток, 6 декември 2018 |

До 15 март треба да се пријават дополнителните приходи за 2014 година

ујп

Граѓаните што во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните што, покрај плата или пензија, оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основа на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, во отворените даночни шалтери, како и електронски.

Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top