На еврејските гробишта во Сар-Инион, град на истокот од Франција, оштетени се неколку стотици гробови, сооошти денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, за кого настанот е „подол чин“.
Министерот Казенев кажа дека Франција нема да го толерира овој акт спротивен на сите заеднички вредности на Французите, пренесуваат француските медиуми.
Казенев истакна дека ќе се направат сите напори виновниците да се идентификуваат и да се изведат пред лицето на правдата.
И францускиот премиер Мануел Валс на Твитер го осуди сквернавењето на гробиштата во Сар-Инион, нарекувајќи го „антисемитски и низок акт“.
Ова не е првпат да се сквернават еврејските гробишта во Сар-Инион. Претходно тоа се случувало во 1988 година и во 2001 година.
До најновиот инцидент дојде еден месец откако вооружен исламистички терорист пред еден париски супермаркет уби четворица Евреи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Продолжуваат скандалите во ЈП „Градски гробишта“ Охрид: Повторно откопан туѓ гроб, сопствениците ќе тужат
-
Деновиве летаа куршуми: Три автомобили оштетени од заскитани куршуми
-
Сквернавени три надгробни плочи на гробиштата во Драчево


