Францускиот скијач Жан-Баптист Гранж го освои златниот медал на слаломската трка во Бивер Крик, САД, како финале на Светското првенство во алпско скијање.Гранж со одлично второ возење успеа да ја надомести негативата од првата трка, во која заврши на петтата позиција. Интересно е дека скијачите што по првата трка беа на првите четири позиции, не успеаја да освојат медал.
Гранж го освои златото со вкупно време од 1:57.47 минута, а зад него се пласираа Фриц Долфер и Феликс Нојројтер, двајцата од Германија, кои доцнеа 35, односно 55 стотинки.
Најголемиот фаворит за златниот медал, Марсел Хиршер, не успеа да ја заврши втората трка и остана без пласман. Истото му се случи и на македонскиот скијач Антонио Ристевски, со тоа што тој не ја заврши првата трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.