Џихадистичката организација Исламска држава постави на интернет видео со егзекуција на 21 египетски рибар во Либија, пренесуваа агенциите истакнувајќи дека сите се египетски коптски христијани.
Претходно во неделата локалните медиуми објавија дека се ликвидирани киднапираните египетски рибари од група вооружени луѓе. Претставниците на рибарскиот еснаф од градот Кафр ел-Шеик, каде работеле рибарите, ги повикаа либиските власти да преземат операции за брзо ослободување на нивните колеги.
Телевизијата Al Arabia објави дека коптите земени во заложништво биле егзекутирани на 12 февруари од екстремистите на Исламската држава, но видеото е објавено на 15-ти февруари.
На почетокот од јануари беше јавено дека во близина на градот Сирт, биле земени во заложништво околу дваесет Египќани, коишто дошле да работат во соседната земја. Сите потекнуваат од градот Самалут во провинцијата ал-Миниа, јужно од Каиро.
Претходно кон крајот на минатата година, исто така, во близина на Сирт беше објавено дека вооружена група земала во заложништво 20 египетски работници, коптски христијани. Подоцна беше утврдено дека тие биле ликвидирани.
Либиската група којашто се декларира како локална формација на Исламската држава, во петокот ја зазема радиостаницата на центарот на градот Сирт, , 600 километри источно од либиската престолнина Триполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.