| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена фотографија од Џон Траволта значително оќелавен

Деновиве на Редит се појави фотографија на која може да се види како некогашниот заводник изгледа без периката. Фотографијата била направена во фитнес сала во три часот наутро и на неа се гледаат Траволта и мажот што ја објави снимката, која во меѓувреме е избришана.

Анонимниот маж под фотографијата напишал дека Џон му пришол и го прашувал „дали е женет, дали има деца и што работи во слободно време“, а потоа почнал да раскажува за неговите приватни авиони, за на крај да се согласи на „дискредитирачкото“ селфи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top