| четврток, 6 декември 2018 |

Мостот „Лазјенковски“ во Варшава зафатен од пожар

пожар

Голем пожар избувна синоќа на мостот „Лазјенковски“ над реката Висла во Варшава, што доведе до прекин на сообраќајот преку главната сообраќајна артерија во полскиот главен град.

Во неколкучасовната акција за гаснење на пожарот, како што соопшти портпаролот на противпожарната служба Михал Конопка, учествувале 40 тимови на пожаникари.

Огнот избувнал во делот под мостот каде имало складирани даски и дрва и потоа се проширил на целата конструкција, запалувајќи ја дрвената изолација.

Во пожарот нема жртви, но е предизвикана голема материјална штета.

Ова е втор пожар на мостот „Лазјенковски“ од неговата изградба во 1974 година. Првиот пожар се случи набрзо по пуштањето на мостот во употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top