Здружението „Уметност на живеењето“ ги повикува граѓаните да се придружат на нивниот карван и денеска заедно со нив да достават хуманитарна помош во поплавените подрачја во Пелагонија.
Во текот на минатата недела Здружението организираше хуманитарна акција „Биди хуман за Македонија“. Собраната помош од граѓаните и компаниите денеска ќе им биде доставена на жителите на погодените подрачја.
Карванот на Здружението тргнува во 9:30 часот од пред Олимпискиот базен во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.