Оваа оценка ја изнесе албанскиот премиер Еди Рама кој констатираше дека мета на терористите бил министерот Тахири поради пресметката со криминалните банди. Рама додаде дека оваа се типични терористички напади врз владин функционер со цел со заканите да се попречи активноста на министерот Тахири и владата. Власта смета дека пресметката со голем број на криминални банди, но и нарко банди, им пречи на оние кои се на удар на законот, заради што тие се обидуваат да влијаат со терористички акти врз семејството на Тахири.
Од друга страна опозицијата ја изнесе оценката дека албанското МВР и министерот Тахири веќе не се во можност да ја контролираат состојбата на теренот .
Во вторникот три силни експлозивни направи беа поставени на објекти и имоти на семејството на министерот Тахири, од кои две детонираа во објектите што ги поседува таткото на Тахири, но за среќа експлозиите со телекоманда од телефон не предизвикаа жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се гради автопат од Тирана до Дебар
-
Разгалените деца на албанските милионери го шокираат светот-златните часовници и скапите автомобили се надминати!
-
Жестока тепачка на албански и бугарски навивачи во Тирана (ВИДЕО)
-
Тиранската платформа е намерна навреда кон Македонците, нема врска со граѓанско општество