Едно лице загина, а тројца полицајаци се ранети попладнево во данскиот главен град Копенхаген при напад врз учесниците на дебата за слободата на говорот, на која присуствувале и францускиот амбасадор во Данска, Франсоа Зимерај и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој стана познат по карикатурите со пророкот Мухамед.
Убиениот на возраст од 40 години, бил меѓу учесниците на дебата, но неговото име не е соопштено. Ранетите полицајци биле ангажирани на обезбедување на собирот и биле распоредени пред кафулето „Крудтенден“, во кое се одржувала дебатата.
Данската телевизија ТВ2 објави дека на прозорците на кафулето „Крудтенден“ „биле изброени околу 30 дупки од куршуми“. Очевидци изјавија дека при нападот се слушнале „најмалку 50 истрели“, а полициски извори тврдат дека биле дури 200.
Нападот го извршиле две лица вооружени со автоматски пушки, кои по инцидентот побегнале од местото на настанот со автомобил марка „Фолксваген“ со темна боја.
Данската полиција соопшти дека нападот бил обид за атентат врз Вилкс.
Една од организаторите на собирот, насловен „Уметноста, богохулството и слободата на говорот“, Хеле Мерете Брикс изјави дека Вилкс не е повреден при нападот, а самиот Зимерај на својот профил на Твитер исто така објави дека минал без повреди при нападот.
– Тие луѓе пукаа во нас. Имаа намера да го сторат истото што се случи во (францускиот сатиричен магазин) „Шарли Ебдо“, но не успеаја да влезатм изјави по настанот Зимерај.
Вилкс стана познат во 2007 година по објавувањето на карикатурите на кои пророкот Мухамед беше прикажан како куче. По ова повеќе исламистички групи му се заканија со убиство, поради што тој живее под засилено полициско обезбедување.
Кафулето „Крудтенден“, што се наоѓа во северниот дел на Копенхаген, е популарно собиралиште за љубителите на џезот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад