До петок сите субвенции за лозарите ќе бидат исплатени, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Неготино, каде што заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов на симболичен начин закроија вински лози на градскиот плоштад.
Пред неготинските лозари Јанакиески појасни дека ветувањето за исплата на субвенциите го пренесува во име на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
На сите тиквешани Јанакиески им го честита денешниот верски празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, а се слави во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
– Сакам на сите да ви посакам многу здравје, благосостојба во семејствата, а на лозарите богат род годинава. Да сте живи и здрави и уште многу години да го славите празникот, порача Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос