| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани не заминува од ПСЖ

kavaniУругваецот Едисон Кавани се огласи со демант околу написите во медиумите за негово заминување од Пари Сен Жермен.

Тој додава дека е многу задоволен и среќен во францускиот главен град и дека нема намера да го напушти клубот.

– Се наоѓам во клуб кој се развива и има многу амбициозен проект. Секогаш давам се од себе и тоа ми е сатисфакција дури и тогаш кога не успевам да постигнам гол. Сакам да ја оправдам довербата од тренерот и раководството на клубот, изјави Кавани.

Уругвајскиот напаѓач во ПСЖ дојде од Наполи. Сезонава на 22 натпревари постигна осум голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top