| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбија: запленети 3,9 тони кокаин скриени во џунгла

Колумбиската војска заплени 3,9 тони кокаин во лабораторија сместена во џунгла во западниот дел на земјата.

Властите објавија снимки од операцијата на кои се гледаат припадници на специјалните сили кои се пробиваат низ џунглата до лабораторијата. Запленетиот кокаин се проценува дека на црниот пазар би достигнал вредност од 90 милиони долари. Во акцијата се пронајдени и два тона листови од кока.

Колумбиската војска соопшти дека лабораторијата и дрогата им припаѓаат на бунтовничката група Фарк, позната по тоа што се финансира од трговија со дрога, оружје и киднапирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top