| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Се судрија три камиони и автобус, двајца загинаа

kamion eksplozija

Архива

Три камиони и автобус со британски туристи се судрија синоќа и се запалија на автопатот А1 во северна Франција, при што две лица загинаа а четири се полесно повредени, соопштија локалните власти.

Патниците во британскиот автобус, родители и деца, коишто патувале на посета во „Евродизни“ во близина на Париз, успеале да излезат од возилото пред да се запали по судирот во кој учествувале и три камиона, а се случи во насоката Лил – Париз.

Возачот на едниот камион и совозачот во другиот камион загинале во несреќата, а на четирите повредени лица не им била потребна лекарската помош.

Поради големиот пожар кој избувнал по судирот францускиот автопат А1 поголем дел од изминатата ноќ беше затворен во двата правци. Пожарот го гасеа повеќе од педесет пожарникари, а полицијата отвори истрага за причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top