| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната за блескава кожа

Речиси сите проблеми поврзани со кожата на лицето се резултат на дехидратацијата а проблемот е во тоа што до исцрпување на водата од лицето многу лесно се доаѓа, окриваат стилистите на познатите манекенки.

Оваа појава може да биде предизвикана од надворешни влијанија како сонце, ветер но и стареење наследен ген, стрес, лоша исхрана. Обезбедувајќи константна хидратација на кожата, последиците од предизвикувачите ќе бидат незабележителни.

Епидермот е првиот слој на кожата, бариера што не штити од надворешните влијанија. Логично на тоа, тој трпи најмногу и често почнува да пука  а тоа се воедно и првите знаци на дехидратација кој не треба да се занемарат. Со текот на времето, кожата може да добие хронична сувост, да делува старо и да се перути.

Како да постигнете оптимална хидратација?

Хидратантни креми се првиот чекор на кој сите помислуваме, но колку тие вистински ја задоволуваат потребата од вода? Ништо не сте постигнале ако кремата не навлегла длабоко во клетките. Кремата што ќе дојде до аквапорините е правилен начин за постигнување хидратација во вистински размери.

Потребна е состојка која ќе биде во состојба да ја активира аквапоринската мрежа. Идеални за тоа се покажале сино-зелените алги т.е. глуко-глицеролот присутен во нив.

Глуко-глицеролот е особено значаен затоа што го стимулира создавањето на нови аквапорини, со што се подобрува протокот на водата од клетка до клетка и резултира со оптимална дистрибуција на водата, дури и во подлабоките епидермални слоеви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top