По жестоките тепачки помеѓу јужноафриканските и украинските народни избраници, денеска се случи уште една тепачка во италијанскиот парламент, поради што потпретседателот Роберто Ѓакети беше принуден да ја прекине седницата, пренесоа локалните медиуми.
За време на расправата околу реформите дошло до жестока кавга помеѓу двајца пратеници од партијата СЕЛ и од Демократската партија кои потоа се степаа и се фрлија еден на друг, пренесе агенцијата Анса.
Дел од останатите пратеници скокнале на нозе или чукале по клупите, јави Анса, додавајќи дека завојуваните пратеници набргу биле раздвоени.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.