| четврток, 6 декември 2018 |

Путин поседува докази за вмешаност на САД во нападите од 11 септември?

Американските експерти веруваат дека и покрај фактот што односите помеѓу САД и Русија се на најниско ниво уште од Студената војна, до сега Путин на Обама му предизвикал мали проблеми. Аналитичарите веруваат дека тоа би можело да биде затишје пред бура. Путин ќе врати кога тогаш, но неговиот удар ќе биде силен! Русија се подготвува да прикаже докази за вмешаноста на владата на САД и нејзините разузнавачки служби во нападите од 11 септември.

Во доказите се вклучени и сателитски снимки.

Објавувањето на материјалите би можело да ја докаже вмешаноста на американската влада и успешното манипулирање со јавноста. Нападите биле организирани од американската влада, но користејќи свои посредници, за нападот на Америка да делува како акт на агресија направен од интернационална терористичка организација.

Наводно мотивот за ваквата манипулација и убиството на сопствените граѓани се американските нафтени интереси на Блискиот исток.

Според Русите доказите ќе бидат толку уверливи што во потполност ќе ја побијат официјалната верзија за настаните од 11. септември.

Според  рускиот весник „Правда“ во доказите јасно се гледа дека американското раководство го организирало цел напад.

„Правда“ пишува дека САД креирале слика дека американските граѓани се жртви на меѓународен тероризам, а дека зад сето тоа всушност се крие желбата на САД да ги контролира изворите на нафта на Блискиот исток.

Доколку доказите бидат уверливи, кредибилитетот на американската влада ќе биде разнишан и тоа ќе доведе до масивни протести, што би можело да доведе и до револуција, според американските аналитичари.

Со тоа и позицијата на Америка како лидер во борбата против интернационалниот тероризам ќе биде поткопана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top