| четврток, 6 декември 2018 |

Дојран ќе го добие првиот парк за скијање на вода во Македонија

dojran-9

Минатата година Дојран доби две нови плажи и мал спортски комплекс, а годинава туристичките содржини ќе бидат збогатени со изградбата на првиот парк за скијање на вода во Македонија и завршување на почнатата рекреативна патека помеѓу Нов и Стар Дојран. Освен очекуваните инвестиции во туризмот, по подолго време, оваа година во Дојран се најавени инвестиции и во индустријата што ќе донесат нови вработувања.  За ова денеска на прес- конференција говореше градоначалникот на општината Борче Стамов.

Стамов нагласи дека 2014 година за Дојран била една од најдинамичните години од основањето на општината досега. Освен тоа што се врати на мапата на туристички дестинации, во 2014 ќе се одбележи највисоката сума на вложени средства во инфраструктурни проекти или вкупно 93 милиони денари, што претставува 2,5 пати повеќе од основниот буџет на општината.

– Еден од најважните проекти во наредниот период ќе биде основање на индустриската зона – Дојран, чиј план е донесен и во март ќе започнеме со продажба на парцелите за градба. Паралелно со продажбата, ќе почнеме и со нејзино уредување, трасирање на улиците, водоводот и канализацијата, за што во тек е изработка на проект. Интерес за инвестирање постои и веруваме дека со олеснувањата кои ќе бидат понудени, доколку објектот биде изграден за една година, ќе се забрза отворањето на првиот погон во зоната – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top