Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна историски максимум од 74 %, според денес објавеното истражување на јавното мислење на Фондот „Јавно мислење“ ( ФОМ ), пренесоа агенциите.
Речиси три четвртини од учесниците во анкетата, спроведена на 7 и на 8 февруари, одговориле дека ќе гласаат за Путин, ако следните претседателски избори во Русија се одржат следната недела. Изборната поддршка за претседателот се зголемила за 2% во однос на претходната слична анкета, спроведена пред една недела.
Поддршката за останатите потенцијални кандидати не претрпе промена. За претседателот на Либерално-емократската партија на Русија, Владимир Жириновски, би гласале 5 %, за лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов 4 %, а за поранешниот шеф на партија „Граѓанска платформа“, бизнисеменот Михаил Прохоров 1 %.
Големо мнозинство од Русите, 84 %, сметаат дека рускиот претседател добро се справува со функцијата, од кои 44 % безусловно имаат доверба во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.