| четврток, 6 декември 2018 |

Боби Кристина ги отвора очите

00039638

Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, сè уште е на апарати, но нејзината состојба се подобрува. Ова го соопшти нејзината тетка, Леола Браун во интервју за „Фокс 5“.

– Боби Кристина ги отвора очите и дава охрабрувачки знаци на подобрување – изјави Леола.

Пред неколку дена се тврдеше дека на денот на смртта на Витни Хјустон, таа ќе биде исклучена од апарати, бидејќи нејзината состојба е безнадежна. Адвокатот на нејзиниот татко Боби Браун, сепак ги демантираше информациите и нагласи дека се даваат погрешни информации за состојбата на девојката.

Леола Браун во интервјуто раскажува колку тешко било за семејството, да гледаат 21-годишното девојче во таква состојба.

– Криси дава многу знаци дека ќе биде добро. Тоа е добро. Уште е на апарати, но се подобрува и ги отвора очите – тврди таа.

bk1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top