| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена проневера во болницата во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава за Ј.Х.П.(32) од Битола, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во ноември и во декември 2014 година, во Клиничката болница во Битола – Одделение за физикална медицина и рехабилитација пријавената во својство на медицинска сестра на 10 лица од Битола, на кои им биле препишани физикални терапии, им подготвила 10 пресметки во износ од 350 денари, а во компјутерската евиденција ги внела на износ од 40 денари. Разликата од 3.100 денари ја присвоила за себе. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top