| четврток, 6 декември 2018 |

Прикаската за македонскиот Фауст или што ветиjа „Македончињата“

Ли­де­рот што ми­лу­ва за се­бе да збо­ру­ва во тре­то ли­це ед­ни­на, по­втор­но се де­ман­ти­ра­ше. Не по­ми­наа ни 24 ча­са од не­го­во­то твр­де­ње­то де­ка „бом­ба­та“ не е од стран­ски служ­би, це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност има­ше чест да чуе лич­но од не­го ка­ко тоа му го ка­жу­ва на пре­ми­е­рот. Ка­ко и да е, па­ктот со ѓа­во­лот, кој и да е, тре­ба да ги вра­ти на власт. Ге­те­о­ви­от Фа­уст тре­ба­ше за воз­врат да го слу­жи во пе­ко­лот, но што тре­ба да пос­лу­жи „др­жа­во­твор­на­та“ пар­ти­ја како кон­тра­ус­лу­га? Или со са­ми­те дејс­тва ја ис­пол­ну­ва цел­та на стран­ци­те?

Цел­та на со­ра­бо­тка­та со стран­ски­те служ­би, ко­ја мно­гу­ми­на ја на­ре­коа „пакт со ѓа­во­лот“, има јас­на и единс­тве­на цел. Кра­тко и јас­но, се ви­ка вра­ќа­ње на власт. По си­те не­ус­пеш­ни оби­ди, од ед­на стра­на да се пре­о­бра­ти „не­пис­ме­но­то, за­лу­де­но и глу­па­во ста­до “, ка­ко што опо­зи­ци­ски­те пер­а ми­лу­ва­ат да го на­ре­чат сво­јот на­род, и, од дру­га стра­на, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, тол­ку мно­гу по­чи­ту­ва­на од нив, ко­ја по­ра­ди без­и­деј­но­ста одам­на ги ста­ви на „иг­норирање“, на­ши­те „др­жа­во­твор­ци“ (спо­ред дру­ги, пак, „ко­рис­ни иди­о­ти“) бе­скру­по­лоз­но за­и­граа на нај­о­чај­нич­ка­та кар­та, са­мо­и­ме­ну­ва­на ка­ко бом­ба. А таа да ти има­ла стран­ско по­тек­ло, кое сѐ уште се утвр­ду­ва. Курцш­лу­сот на­ста­на со фа­ктот де­ка не­кој, бу­квал­но, ги при­ну­ди да ја де­то­ни­ра­ат. Пре­ми­е­рот Гру­ев­ски из­ле­зе и јав­но ги об­ви­ни за ан­ти­др­жав­ни дејс­тва, а ка­ко што трг­на, нив­на­та вр­ху­шка уште ба­рем не­кол­ку ме­се­ци ќе си игра­ше со јав­но­ста и ќе ја нај­а­ву­ва­ше, и нај­а­ву­ва­ше, и нај­а­ву­ва­ше… Кол­ку и нив­ни­те вер­ни и „не­за­вис­ни“ иде­о­ло­зи да се оби­ду­ва­ат да ја пре­вр­тат при­ка­ска­та во ко­рист на За­ев, де­мек вла­ста „из­бр­за­ла“, ед­но е јас­но – ме­сто во на­пад, се­га се за­те­че­ни во те­шка де­фан­зи­ва бра­неј­ќи го тоа што не мо­же да се од­бра­ни – по­стап­ки­те на сопс­тве­ни­от ли­дер, кој по­втор­но, ве­ќе по на­ви­ка, се де­ман­ти­ра.

Си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се нај­де нај­до­бро ја по­ка­жа изра­зот на па­ни­ка и не­го­ва­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја при из­ја­ва­та по пре­сот на пре­ми­е­рот, а за екс­пре­си­ја­та и др­же­ње­то (ако во­оп­што та­ка и мо­же да се на­ре­че) при еми­ту­ва­ни­от раз­го­вор со Гру­ев­ски, ед­но­став­но, не­ма збо­ро­ви. Нај­со­од­вет­на па­ра­ле­ла би би­ла сли­ка­та на уче­ни­че што му се прав­да на на­став­ни­кот де­ка не ја про­чи­та­ло ле­кти­ра­та. Од стран­ски автор, не­ли…

analiza127-1

 

darko-janevskiЈа­нев­ски: Цел­та на стран­ци­те е раз­ни­шу­ва­ње на до­вер­ба­та во вла­ста

Ос­нов­но­то пра­ша­ње што ма­ке­дон­ска­та јав­ност си го по­ста­ви е со што ќе тре­ба СДСМ да им ја вра­ти оваа меч­ки­на ус­лу­га на стран­ски­те служ­би. Мно­гу­ми­на пр­во ти­пу­ваа на от­стап­ки во спо­рот за име­то кон Гр­ци­ја, со што „др­жа­во­твор­ци­те“ би по­мог­на­ле во за­тво­ра­ње­то на де­це­ни­ски­от спор, се­ка­ко не во на­ша ко­рист и на за­до­волс­тво на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Но си­те што по­мис­ли­ја на ова за­бо­ра­ви­ја на еден пре­дус­лов за ва­кво не­што – пар­ти­ја­та ќе тре­ба да по­бе­ди на из­бо­ри за да ја до­бие вла­ста, а тие се мно­гу, мно­гу да­ле­ку од ова и ни­ед­на тех­нич­ка вла­да не би им по­мог­на­ла, ни­ту, пак, стран­ска вла­да.

Но­ви­на­рот Дар­ко Ја­нев­ски е убе­ден де­ка не по­стои се­ри­о­зен играч од стра­на, кој би го пре­не­брег­нал овој факт. Сме­та де­ка цел­та на стран­ци­те е да се раз­ни­ша до­вер­ба­та во вла­ста, но и де­ка ова е игра во ко­ја За­ев ќе из­ле­зе ка­ко нај­го­лем гу­бит­ник.

ЈАНЕВСКИ: Не знам што точ­но би тре­ба­ло да вра­тат ка­ко кон­тра­ус­лу­га СДСМ и Зо­ран За­ев. Мо­же­ме са­мо да прет­по­ста­ву­ва­ме. Но, мис­лам де­ка ни­кој од над­вор не игра се­ри­оз­но на кар­та­та врз ос­но­ва на ко­ја За­ев би ја осво­ил вла­ста за да мо­же од таа по­зи­ци­ја да вра­ќа не­што. Раз­ли­ка­та во реј­тин­зи­те ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ме­ѓу Гру­ев­ски и За­ев во овој мо­мент е пре­го­ле­ма за да мо­же да се оче­ку­ва та­кво не­што. Мо­же­би са­ми­от За­ев искре­но мис­лел де­ка Гру­ев­ски ќе се сог­ла­си на тех­нич­ка вла­да, но тоа е прем­но­гу да­ле­ку од здра­ви­от раз­ум. Мно­гу по­ре­ал­но би би­ло де­ка цел­та на стран­ци­те е да и се пре­диз­ви­ка удар на вла­ста и да се раз­ни­ша до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во неа.

При­тоа, ве­ли Ја­нев­ски, на се­кој по­се­ри­о­зен чо­век му е јас­но де­ка во ва­ква прес­ме­тка За­ев не мо­же да по­ми­не не­о­ште­тен, а уште по­мал­ку да из­ле­зе со зго­ле­мен реј­тинг. Та­ка, спо­ред не­го, всуш­ност, би про­из­лег­ло де­ка За­ев е жр­тву­ван за да му на­не­се не­ка­ква ште­та на Гру­ев­ски.

ЈАНЕВСКИ: При евен­ту­ал­на си­ту­а­ци­ја во ко­ја гра­ѓа­ни­те не­ма­ат до­вер­ба во пре­ми­е­рот, а уште по­мал­ку во ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, би се до­би­ла ха­о­тич­на по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во др­жа­ва­та, ко­ја не би мо­же­ла да се сме­та за ме­ѓу­на­ро­ден суб­јект што има ка­ков би­ло уг­лед. Зна­чи, пр­ва­та цел би би­ла соз­да­ва­ње по­ли­тич­ки ха­ос. Вто­ра­та, ако ве­ќе дој­де­ме до си­ту­а­ци­ја на не­по­сто­е­ње до­вер­ба во глав­ни­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри, а не­ма трет по­ли­тич­ки фа­ктор, то­гаш има­ме др­жа­ва што не е спо­соб­на да из­гра­ди ка­ква би­ло вред­ност. Кол­ку ед­на та­ква др­жа­ва и неј­зи­ни­те ли­де­ри мо­жат да се по­ви­ку­ва­ат на за­чу­ву­ва­ње на не­ка­кви вред­но­сти, ка­кво што е, на при­мер, пра­во­то са­ми да си го из­бе­ре­ме име­то на др­жа­ва­та во ко­ја жи­ве­е­ме?

Ду­ри то­гаш, ве­ли тој, мно­гу по­го­ле­ма те­жи­на би до­би­ле и си­те об­ви­ну­ва­ња од раз­ни стру­кту­ри де­ка во оваа др­жа­ва не­ма ме­ди­у­ми или не­ма судс­тво. Ја­нев­ски по­тсе­ту­ва да не ги за­бо­ра­ви­ме на­ста­ни­те од фа­моз­ни­от 24 де­кем­ври, кои се­га би до­би­ле нов аспект.

ЈАНЕВСКИ: Се­кој зло­на­ме­рен, а та­кви ги има до­вол­но, вед­наш би ја со­ста­вил ли­ста­та: пар­ла­мент без опо­зи­ци­ја, на­вод­но, из­бран на фал­си­фи­ку­ва­ни из­бо­ри, со 24 де­кем­ври зад се­бе; вла­да со пре­ми­ер во ко­го до­вер­ба­та е раз­ни­ша­на; пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та ко­го не го приз­на­ва­ат ни­ту опо­зи­ци­ја­та ни­ту ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии, опо­зи­ци­ја со ли­дер што зад се­бе го има слу­ча­јот „Гло­бал’, тен­де­ри­те на те­тки, стри­ни итн. во Стру­ми­ца ка­де што е гра­до­на­чал­ник и да не на­бро­ју­ва­ме. Ко­ја би би­ла сли­ка­та ако се гле­да од стра­на, на при­мер од Ва­шин­гтон или од Бер­лин, за Ати­на и да не збо­ру­ва­ме, на ва­ква­та си­ту­а­ци­ја и на ва­ква­та др­жа­ва? Да­ли ед­на та­ква др­жа­ва мо­же да се сфа­ти се­ри­оз­но од овие фа­кто­ри ко­га збо­ру­ва за свои цр­ве­ни ли­нии во спо­рот со Гр­ци­ја? А до­кол­ку би се ус­пе­а­ло во соз­да­ва­ње­то та­ков ха­ос, во ус­ло­ви ко­га не се ни на­ѕи­ра не­ка­ква ма­ке­дон­ска СИРИЗА, а уште по­мал­ку стран­ци­те има­ат ин­те­рес да се по­ја­ви та­ква (не ба­ди­ја­ла учес­тву­ва­ат во соз­да­ва­ње­то на ха­о­сот), пос­ле­ди­ци­те се со­се­ма јас­ни. Та­ка што, пос­лед­ни­те на­ста­ни мо­жат да се гле­да­ат изо­ли­ра­но, но и ка­ко це­ли­на со дру­ги­те слу­чу­ва­ња во из­ми­на­ти­те го­ди­ни. И да не за­бо­ра­ви­ме, се­то ова бе­ше оче­ку­ва­но, са­мо што те­ми­нот бе­ше пред­ви­ден за та­му не­ка­де во март. Пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во Гр­ци­ја, очиг­лед­но, ја за­бр­заа ра­бо­та­та. Па­тем, да го има­ме пред­вид и фа­ктот де­ка за не­кои за­ка­ни врз ма­ке­дон­ски­те вла­сти, на пре­ми­ер од Бер­лин, овие де­но­ви ве­ќе бе­ше на­пи­ша­но.

 

analiza127-3

„Ма­ке­дон­чи­ња“ во уло­га на Ге­те­о­ви­от Фа­уст

За уло­га­та на стран­ска­та служ­ба што „ве­ли­ко­душ­но“ ги да­ру­ва­ла (на­стра­на и мон­ти­ра­ла) овие сни­ме­ни „бом­ба­стич­ни“ раз­го­во­ри, се по­ја­ви­ја ими­ња­та на по­ве­ќе кан­ди­да­ти. Дел од нив, ка­ко Гр­ци­ја, нед­вој­бе­но не ѝ по­са­ку­ва­ат до­бро на др­жа­ва­та, но друг дел, ка­ко САД и зем­ји од ЕУ, се дек­ла­ри­ра­ат ка­ко при­ја­те­ли и до­бро­твор­ци. Ка­ко и да е, нив­ни­те по­ра­ки по об­ја­ву­ва­ње­то на „Пуч“ не по­ка­жаа при­ја­телс­тво, за раз­ли­ка до ру­ска­та ре­ак­ци­ја, или, пак, ја про­дол­жу­ва­ат сопс­тве­на­та игра или игра­та на сво­и­те служ­би?

analiza127-2

Уло­га­та на до­бро­тво­ри­те на СДСМ, се­пак, оста­на без кон­кре­тен кан­ди­дат, кој те­шко де­ка и ќе се открие, но очиг­лед­на­та до­бро­вол­на де­ста­би­ли­за­ци­ја на сопс­тве­на­та др­жа­ва ѝ по­мог­на на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја без проб­лем да ја до­бие рол­ја­та „Ма­ке­дон­чи­ња“, а без проб­лем им „лег­на“ и Ге­те­о­ви­от Фа­уст. Кај Ге­те, Фа­уст е цел на игра­та на Бо­га и на ѓа­во­лот, кои се об­ло­жу­ва­ат во ре­ак­ци­и­те на оми­ле­ни­от Бож­ји лик (во на­ши­от слу­чај – оми­ле­ни­от лик на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца). Не­за­до­вол­ни­от Фа­уст му ја про­да­ва ду­ша­та на ѓа­во­лот, на­ша­та опо­зи­ци­ја, пак, на стран­ски­те служ­би. Фа­уст ја до­би­ва же­на­та што ја са­ка. И кај нас цел­та е со жен­ски род, но се ви­ка власт. Проб­ле­мот е што кај Ге­те, Гре­та, љу­бо­вта на Фа­уст, го да­ви сопс­тве­но­то, вон­брач­но де­те со не­го, а пра­ша­ње­то е да­ли со овие ан­ти­др­жав­ни ак­ции на­пра­ве­ни во „брак“ со стран­ци­те, опо­зи­ци­ја­та не­ма да ја „уда­ви“ ид­ни­на­та или обез­вред­ни и де­ста­би­ли­зи­ра сопс­тве­на­та др­жа­ва. Пре­дус­ло­ви­те во фор­ма на ма­ки­ја­ве­ли­стич­ка жел­ба за власт се во зад­ни­на­та на при­ка­ска­та, или ка­ко што ќе му ре­че Ме­фи­сто­фел на Фа­уст: „Ти си са­мо ти! За­луд­но се тру­диш да из­ле­зеш од об­ла­ста на сво­ја­та огра­ни­че­на при­ро­да“.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 127. број на неделникот „Република“, 6.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top