| четврток, 6 декември 2018 |

На Клиниката за урологија за три години се извршени рекордни 100 трансплантации на бубрези

Сто трансплантации на бубрези се направени на Клиниката за урологија од 22 март 2012 година до 6 февруари годинава. Тоа е еден од најголемите успеси во историјата на Клиниката, а најголем успех во историјата на трансплантологијата на бубрези во Македонија која датира од 1977 година кога првпат е извршена првата трансплантација во таа ЈЗУ

operacija

Денеска на Клиниката за урологија во Скопје се изврши 101 трансплантација на бубрег од жив донатор. Шеесет и осумгодишна баба дарува бубрег на 24- годишниот внук. Тимот за трансплантација, кој го предводи д-р Сашо Дохчев, откако ја одржа прес-конфренцијата на која се говореше за 100. транслантација на бубрег во Македонија за три години, замина на операција.

Сто трансплантации на бубрези се направени на Клиниката за урологија од 22 март 2012 година до 6 февруари годинава. Тоа е еден од најголемите успеси во историјата на Клиниката, а најголем успех во историјата на трансплантологијата на бубрези во Македонија, која датира од 1977 година кога првпат е извршена првата трансплантација во таа ЈЗУ.

– Стоттата транслантација беше направена минатиот петок. Пациентите се чувстуваат добро. Тоа беше трансплантација од жив донатор, мајка даруваше бубрег на својот син. Не сакам да претерам, ама мислам дека тоа беше речиси идеална транспланатација, бидејќи преемтивна, односно пациентот кој го прими бубрегот уште не беше почнал на дијализа. И двајцата се чувстуваат добро, и за ден-два ќе заминат на домашно лекување – вели д-р Дохчев.

Директорот на Клиниката, Михаил Пенев, денеска на прес-конференција рече дека за развојот на трансплантацијата придонел зголемениот буџет од Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Министерството за здравство, кој изнесува 600.000 денари за некомплицирана трансплантација и милион денари за комплицирана и кадаверична транспланстација.

– Како колегите од Клиниката за нефрологија ги подготвуваат пациентите, така ние ги оперираме и времето на чекање не е ниту две до три недели. Секако, не е се иделно, има и отфрлање на бубрезите и тие проценти се во рамките на светскиот просек, десет проценти – вели д-р Дохчев.

Владата во август минатата година донела одлука секој учесник во траснплантација на бубрези да добива по две празнични дневници. Тоа, нагласи Пенев, почна да се реализира и исплатена е првата транша од износот.
– Материјали и лекови има. Стоте трансплантации ги направи новата екипа со новиот шеф на екипата. Клиниката пред повеќе од три години ја напуштија два професори и четворица специјалисти. Од постојната екипа се формираа две екипи кои во секој момент може да направат трансплантација и експлантација на бубрези и кадаверична и од жив донатор – изјави Пенев.

Од Клиниката за урологија информираа дека од 1996 година до 2012 година се направени 216 трансплантации.
– Со ваквиот зголемен број трансплантации, во 2013 година во официјалниот регистар на светскиот број на трансплантации на сите земји кои учествуваат во овој проект за трансплантација на бубрези, се позициониравме на деветто место што е досега најголем успех на нашата Клиника и на нашата држава – потенцира Дохчев.
Од Клиниката нагалсуваат дека успеале минатата година да ја возобноват кадаверичната трансплантација и направиле 12 такви трансплантации.
– Тоа е возобновување на овој процес од далечната 1990 година кога последен пат на Клиниката се направени тие трансплантации. Успеавме да ја истрасираме иднината на трансплантологијата во државата. Успеавме да направиме тимска работа, секој член си го знае своето место и е заслужен за овој успех. Компликациите се 10 отсто и се движат во светски рамки – рече Дохчев.

Тој информираше дека четири до пет уролози, главно, учествуваат во сите трансплантации, а во иднината планираат да вклучат и од помладите колеги и да се направат тимови.
– Како што ние имаме успеси на Уролошката клиника, се надевам дека во иднина и другите колеги каде што има потенцијал ќе почнат со трансплантација и на други органи – црн дроб, панкреас, срце и на други органи и македонското здравство да го достигне она ниво кое го заслужува – заврши Дохчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top