Вчера, Американската лесна нафта поскапи за 2,37 долари а нафтата од типот „брент“ за 2,39 долари на последниот ден од тргувањето за мартовската испорака.
– Намалувањето на инвестициите во нафтениот сектор нема значајно да влијаат на цените на краток рок, сè додека нивото на производство на нафта не биде намалено – смета инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија „Филип фјучерс“, Даниел Енг.
Податоците за резервите на нафта во САД, најголемиот светски потрошувач велат дека оваа недела, енергентот е на својот 80-годишен максимум.
Цените на нафтата од јуни, минатата година се намалија за околу 60 проценти, на нешто повеќе од 40 долари за барел, а во претходните недели регистрирани се благи покачувања, благодарение на намалувањето на нафтените дупчења во САД, откако компаниите како „Тотал дач шел“ ги намалија инвестициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.