Лидерите на земјите од „нормандиската четворка“ го продолжуваат контактот околу случувањата во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изрази очекување дека во текот на следните денови ќе биде договорен телефонски разговор меѓу претседателите на Русија, Украина и на Франција – Владимир Путин, Петро Порошенко и Франсоа Оланд, и германската канцеларка Ангела Меркел.
– Москва повикува да бидат исполнети сите точки од договорот за прекин на огнот во Украина, кој е постигнат вчера во Минск – истакна Песков потенцирајќи дека Русија сакала примирјето да стапи во сила веднаш, а не на 15 февруари, како што е договорено.
Според портпаролот на Кремљ, спроведувањето на договорот е одложено за неколку дена по барање на проруските сепаратисти, кои оцениле дека тоа тешко може да се случи пред недела.
Песков потврди дека за време на преговорите во Минск не биле разгледани прашањата за санкциите кон Русија од страна на западните земји и за судбината на Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина