Исламска држава соопшти дека заробила израелски Арап, кој се претставувал како странски борец за да шпионира за израелската разузнавачка служба Мосад.
Тврдењата на ИД беа отфрлени од Израел и од семејството на заробеникот, кои изјавија оти тој бил киднапиран. Во интервју, објавено во англиското е-издание на ИД „Дабик“, 19-годишниот Мухамед Мусалам изјави дека се приклучил кон радикалната групација во Сирија за да ги известува израелските власти за магацините со оружје и базите на групата и за палестинските борци во нејзините редови.
Таткото на Мусалим Саид демантира дека неговиот син е шпион и изјави дека тој исчезнал откако заминал во Турција како турист.
Претставник на израелските служби за безбедност, пак, изјавија дека Мухамед заминал за Турција на 24 октомври за да се бори на страната на ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро