Предраг Л. Вчера околу 19.30 часот на паркингот кај старото сајмиште во Белград се полил со бензин себеси и дежурните полицајци и ги запалил.
Тој во оваа прилика е тешко повреден додека полицајците поминале со полесни телесни повреди. Според медиумите, Предраг бил видно изнервиран зошто пајакот два пати му го однел автомобилот. Првиот пат дошол и платил, па си заминал со автомобилот. Но неколку часа подоцна пајакот пак му го однел автомобилот што очигледно не можел психички да издржи.
-Тој дошол со две полни шишиња бензин. Пред влезот во Паркинг сервисот се полил со бензинот, а дежурните полицајци веднаш забележале дека сака да се самозапали. Тогаш притрчале до него во обид да го спречат, но тој тогаш се запалил, велат очевидци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Парите се тука да се бројат: Пајак му го однел автомобилот, а кога дошол да ја плати казнат, сите биле шокирани!
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат