| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Не му верувам на Путин, но и верувам на ЕУ

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјавил дека е импресиониран од единството кое Европската Унија го покажала подржувајќи ја Украина. Тој додал дека е “умерено оптимистичен” дека мировниот план од Минск ќе се почитува.

-Доколку имаме ветување за прекин на огнот, за повлекување на странските сили од нашата територија, ослободување на сите илегално заробени на слобода, и затворање на границата со Русија, тогаш тоа дава повод за умерен оптимизам, рекол Порошенко за новинарите по средбата со европските лидери во Брисел.

Тој, меѓутоа, потсетил дека Русија и сепаратистичките сили упорно го кршат првиот договор од Минск, потпишан во септември минатата година, и дека го искористиле примирјето за да ги прегрупираат силите, да се вооружат и да тргнат во нова офанзива, не исклучувајќи ја можноста тоа да се повтори.

Мојот став е дека прекинот на огнот треба да стапи на сила веднаш и да се почитува, бидејќи невини цивили гинат секој час и ден”, рекол Порошенко.

Тој изјавил дека е импресиониран од поддршката и личниот ангажман на Европските лидери, кои денес на самитот во Брисел, Украинската криза ја вброиле меѓу најважните теми.

Порошенко рекол дека во текот на преговорите во Минск, кои почнале вчера, а завршиле рано утрово, го повикал рускиот претседател Владмир Путин да го посети Киев, а посебно се заблагодарил за придонесот кој во тие преговори го дале германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Не му верувам на Путин, но верувам дека Европската Унија ќе ги прошири казнените мерки против Русија доколку договорот не се почитува”, истакнал Порошенко.

Тој посетата на Брисел ја заклучил со зборовите дека загинатите патници од малезискиот авион, кој минатата година бил соборен над Украина, не треба да бидат заборавени, и дека виновниците мора да одговараат за тоа злосторство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top