Во текот на маратонскиот состанок на рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Анегал Меркел, украинскиот претседател Петар Порошенко и францускиот лидер Франсоа Оланд, камерите уловија низа интересни моменти.
Имено, додека Путин се обидуваше да седне, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко му ја повлече столицата. Рускиот лидер повторно ја доближи столицата, но Лукашенко преокупиран со разговорот со Меркел повторно ја повлече назад.
Рускиот лидер со уште еден потег го предизвика вниманието на присутните, кога среде разговорите го скрши пенкалото кое цело време го вртеше в рака….На преговорите во Минска постигнат е договор, примирјето да настапи на 15 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.