| четврток, 6 декември 2018 |

Новата грчка влада си ја сече гранката на која седи

19711mala

Новата грчка влада си ја сече гранката на која седи. Популистите само потхрануваат легенди, но не можат да управуваат, пишува во својот коментар Бернд Ригерт.

Еврогрупата и Грција не се договорија за ниту едно прашање. Дури и за тоа како треба да биде подготвен следниот круг преговори. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, претставуваше патетична слика бидејќи не успеа да направи ниту разумни предлози, ниту, пак, да претстави прифатливи барања. Водењето на преговорите беше очајно и дури и лежерната појава на Варуфакис, без вратоврска, не можат да го сменат овој факт.

Радикалната коалиција меѓу „Сириза“ и десните популисти не успеа да освојат ниту еден сојузник за неодговорниот однос. Во принцип, Грција бара уште пари од меѓународните кредитори. Овој пат, сепак, без никакви услови. Нешто како преодно финансирање за шест месеци, додека тимот во Атина ја развие својата програма. Апсурдното барање, на кое земјите од еврозоната не смеат да подклекнат во никој случај.

Со своето блокадно однесување во еврозоната, Грција прави уште еден решителен чекор кон својот финансиски банкрот. ЕУ не треба да ги плаќа неодговорните изборни ветувања, кои ги дадоа левата „Сириза“ и десната „Анел“, осознавајќи многу добро дека земјата нема пари за тоа. Алексис Ципрас ги освои изборите во земјата поради социјалните лишувања во Грција, седејќи на опасниот бран на национализмот. Чист примерок на популист, како изваден од буквар. Со своите гласови Грците можат да  ги отфрлат неспособните влади, тоа е според правилата на демократијата. Но, тие сепак не можат да ги прогласат за навалидни долговите, а уште помалку склучените договори. Да не зборуваме и за европските правила.

tsipras-pekol-gri-02

Приказната за „потиснување“

Радикалните левичари и десничари во Грција, се удираат во гради дека го враќаат суверенитетот на земјата и ја ослободуваат од јаремот на германското и европското потиснување.

Повеќето Грци кои претрпеа маки во последниве години, веруваат во тоа безумие. Националната гордост на Грците може да е голема, може дури и да е погодена, но тоа не е причина за преиначување и игнорирање на фактите. Факт е дека демократски избраните влади во Грција ги одобрија сите спасувачки кредити. Вклучувајќи ги и оние на „Тројката“. Односно воопшто не може да стане збор за некакво туѓо владеење. Економската потреба ја натера земјата да дејствува. Каде ќе беше Грција денес, ако банкротираше уште во 2010 година и повлечеше со себе и други европски држави, поради тесната поврзаност меѓу банкарските системи? Дали Грците ќе беа подобро денес?

Факт е дека слободно избраните влади во Грција, презедоа и огромни долгови за државниот буџет. Уште пред избивањето на економската криза во 2008 година, државниот долг на Грција надминува 100 % од БДП. И грчката трагедија започна во моментот кога земјата не можеше веќе да ги финасирани овие долгови преку финансиските пазари. Германија и ЕУ ли се виновни за тоа?

Да ги обвинуваш невините

Факт е исто така дека финансиската криза во Грција се појави, кога тогашната влада беше принудена да признае дека со години поднесувале лажни статистики за економскиот раст и буџетските дефицити. Поради овие измами и доверителите, и инвеститорите загубија доверба во земјата. Поради оваа причина беше формирана и „Тројката“, која по препорака на меѓународните кредитори, мораше да направи ревизија на буџетот. Секој должник, треба да и овозможува на банката-доверител да му ги прегледа билансите. И тоа ли е странска доминација? Не, тоа е нормален бизнис. Тројката даде своите препораки за грчкиот буџет. А грчката влада одобри мерките за намалување на државните трошоци и зголемување на приходите, заедно со демократски избраните пратеници во грчкиот парламент.

А како стојат работите со солидарноста?

Од пристапувањето кон ЕУ во 1981 година, Грција до 2006 година добила точно 72 милијарди евра субвенции од заедничкиот европски буџет.

Од 2010 година наваму Грција добила кредити во износ од 240 милијарди евра по поволни услови и простување на долгови во износ од 109 милијарди евра. Тогаш за каква финансиско тортура зборува грчкиот министер за финансии?

Да подгреваш стравови

Сепак особено опасни се изјавите на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коциас, кои тој ги повтори и во интервју за „Дојче Веле“. Тој зборува за „економски расизам“, бидејќи Германците сметале дека Грците се мрзливи. Да нарекуваш некого расист од оваа безумна гледна точка, е нечесно и длабоко антиевропски.

Дали  владината коалиција во Грција има поим за европското единство? Тоа дека грчката економија не е толку моќна, колку што се моќни економиите во другите европски земји, не е расизам, туку е факт. Штета што грчките гласачи, очигледно поради очај веруваат во митови и легенди, лансирани од партиите и медиумите. Очигледно траумата од германската (впрочем и италијанска) окупација во Втората светска војна, многукратните банкроти, по прогласувањето на независноста во 1828 година и актуелната доминација на земји-кредитори до 1940-тите години, сѐ уште не се надминати. Ова сепак не може да биде оправдување за однесувањето на оние држави во Европа, кои и помагаат на Грција.

Барањата на грчката влада се малку чудни. Настапите им се провокативни, но всушност најскандалозен е нејзиниот состав. Левите радикали  коалицираат со десни популисти и националисти. Кога во 2000-та година во членката на ЕУ, Австрија, конзервативците создадоа коалиција со десните популисти, ЕУ воведе санкции на земјата.

Зошто денес нема слична реакција ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top