| четврток, 6 декември 2018 |

МОН и УКИМ в понеделник го продолжуваат дијалогот

 мон1

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за формирање работна група и предложи првата средба меѓу работните групи да се одржи в понеделник.

– Цениме дека е од исклучително значење дискусијата меѓу работните групи на двете страни во насока на унапредување на пакетот реформи во високото образование со цел подигнување на стандардите за квалитет, да почне во најскоро време. Во таа насока, ја прифаќаме иницијативата и предлагаме првата средба на работните групи да се одржи в понеделник, 16.2.2015 година, а во зависност од можностите на претставниците на двете страни, терминот и локацијата да бидат дополнително утврдени – се вели во соопштението од МОН.

Оттаму информираат дека по средбата со УКИМ ќе бидат организирани исти средби и со другите универзитети.

Претходно, МОН информираше дека по вчерашното усвојување од страна на Собранието на Предлог – законот, со кој се одложи примената на последните измени на Законот за високо образование, продолжува дијалогот меѓу Владата и академската заедница на ниво на работни групи. По ова, Ректоратот на УКИМ во писмо упатено до ресорниот министер соопшти дека има формирано работна група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top